Најмалку 32 лица ги загубија животите, а 80 се повредени во експлозијата што во петокот се случи во хотелот „Саратога“ во Хавана, главниот град на Куба, известува Агенција Анадолија (АА).
„Меѓу повредените 10 лица се во животна опасност. Акциите за потрага и спасување продолжуваат во хотелот“, соопшти Министерството за здравство на Куба.
Локалните медиуми известуваат дека се трага по уште најмалку 19 исчезнати лица.
Кубанската Влада претходно објави дека најверојатно причина за експлозијата е протекување гас во текот на работата на инсталацијата во хотелот.
Претседателот на Куба, Мигуел Диаз Канел, при посетата на местото на несреќата изјави дека случајот не е поврзан со тероризам.
Експлозијата се случи во петокот околу пладне во хотелот „Саратога“, во стариот дел на Хавана.
Станува збор за хотел со 5 ѕвездички изграден во 1880 година и кој работи од 1933 година.
Хотелот „Саратога“ беше затворен 2 години поради пандемијата на Ковид-19 и требаше повторно да биде отворен на 10 мај.
извор: Агенција Анадолија (АА).
Фото: Јандер Замора / АА