Заради неспособноста на МТСП над 2400 деца во Скопје чекаат за прием во градинка, со години немало изградба на нови објекти. Откако СДСМ е на власт 5 години како централна власт и 4 години како локална власт во повеќе општини, немало никакви инвестиции во изградба на нови градинки. Неработата на СДСМ во МТСП 5 години по ред, сега резултира со илјадници деца кои чекаат за прием во градинка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Во Кисела Вода 400 деца чекаат за прием во градинка. Во Гази Баба 460 дечиња. Во Аеродром бројот на деца кои чекаат за прием е 900. Додека во Ѓорче Петров 500.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта се заземаа за решавање со проблемот на недостаток на сместувачки капацитети, но проблемот кој е создаден со години не може да се реши за една година.
Дополнително МТСП нема издадено 86 согласности за прием на вработени за градинки низ Скопје. Тренчевска не работи ништо.