Регистрирани нови 32 случаи на КОВИД 19, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 665 теста, а регистрирани се 32 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.

Од вкупниот број позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти, и тоа од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.

МЗ