(ФОТО) Касами ги посети повредените пожарникари кои го гасенеа големиот пожар во Тетово

0
313

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска ги посети пожарникарите кои беа повредени при интервенцијата на големиот пожар во фабриката „Пофикс“.

Касами објави фотографии од посетата на болницата.

– По успешната работа, не треба да се заборават оние кои се здобиле со повреди за време на интервенцијата во пожарот што го зафати магазинот за изолациони материјали. Денеска бев во посета на Клиничката болница каде ги посетив тројцата пожарникари кои беа повредени при гаснењето на пожарот!
На Адмир, Таџедин, Енис и нивните колеги кои ја пропуштивме приликата да ги посетиме, им посакувам брзо закрепнување и враќање на работа, бидејќи градот и тетовци имаат потреба од нив, напиша Касами на ФБ.

фото: ФБ Биљал Касами