Излезни анкети: Макрон треба да го задржи мнозинството во парламентот

0
478

Центристите на францускиот претседател Емануел Макрон се на добар пат да останат водечка политичка сила во парламентот, но засега не е познато што ќе добие и апсолутно мнозинство, покажуваат проценките на излезните анкети од првиот круг на парламентарните избори. Центристичката коалиција Заедно (Ансамбл) на Макрон би можелa да освои меѓу 275 и 310 места според анкетата на Ifop, додека според агенцијата Ipsos би освоил 255 до 295 места, а за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 места, додаде АФП. Радио Франс Инфо, од своја страна, објави дека центристите на Макрон и левичарскиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон освоиле по 25,2 отсто од гласовите, а на третото место со 18,9 отсто е десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен.

 

Радио Слободна Европа