Кралицата Елизабета Втора (96) решила да не го слуша советот на докторот кој пред неколку месеци и рекол да престане да јава, па е фотографирана на коњ во Виндзор
Кралицата Елизабета поради здравствени проблеми отсуствуваше од многу настани, а јавноста имаше можност да ја види како оди со бастун.
Меѓутоа, кога оваа недела се појави во Виндзор без бастун, многумина почувствуваа дека нејзината здравствена состојба е подобрена.
Извор за „The Sun“ изјавил дека кралицата не јавала во последните девет месеци, па уживала повторно да биде на коњот.
– По сите грижи за нејзиното здравје, добар знак е повторно да ја видиме како јава. Сосема е извонредно да се прави тоа на 96 години – рекол изворот.
Кралицата е активен јавач од 1929 година. Кога имала 3 години, добила пони, а во текот на животот одгледувала и тркачки коњи.
popara.mk