Независниот синдикат на полицијата: Во ек на економска криза МВР воведува осумчасовни смени

Независниот полициски синдикат (НСП) денеска информира дека неколку поединци во МВР вовеле префрлување на смените на полицајците од 12/24 и 12/48 на работа од осум часа во текот на еден ден.

-Од досегашните 12,13 смени месечно што патуваа од дома до работа, ќе мора од денеска да планираат 21,22 смени и да трошат повеќе пари. Ќе мора да планираат и платата која ја заработуваат, да ја даваат за гориво и патни трошоци. Оваа состојба се одразува на егзистенцијата на полицајците, затоа што поголемиот број воопшто не работат во своите општини и треба да патуваат, изјави денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев.

Според Делчев, треба да му се помогне на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Има голем проблем во делот на луѓето кои ги поставува на високи раководни функции и места кои треба да планираат и мислат. Ова што го зборувам за смена на работното време е сериозен проблем, прашање за кое уште утре ќе мора да се надмине. Огромен е бројот на полициски службеници кои се подготвуваат за боледувања, за избегнување на вадење на нивните пари од семејствата за да работат во МВР. Јавноста ова мора да го знае. Ние стоиме на располагање на министерот, рече Делчев.

– Како да одат на работа на осумчасовно работно време од Гостивар до Ростуше или од Прилеп до Старавина. Тие се места што се по 70-80 километри оддалечени од местото на живеење на полицајците, прашаа од НСП.

фото: Сител