(ВИДЕО) Трагедија за време на борба со бикови, има загинати и многу повредени

Шест лица загинале а уште 150 други се повредени по уривање на трибината на импровизираната арена за борба со бикови во градот Еспинал колумбиската провинција Толима, јави локалното радио Ondas de Ibague.

Властите на Еспинал прогласија вонредна состојба по уривањето на импровизираните трибини на градскиот плоштад каде се одржувала корелахата (колумбиска верзија на корида), по повод локалните праслави во чест на Сан Хуан и Сан Педро.

На снимките емитувани на локалните медиуми се гледа моментот од уривањето на трибините, како и многу повредени со скршеници. Се стравува дека бројот на повредените може да биде и далеку повисок.

Според последните податоци кои ги соопштил мајорот Луси Фернандо Велез, шеф на Цивилната одбрана на Толима, потврдени се шест жртви. Двајца загинале на самото место, а уште четворица, меѓу кои и едногодишно момченце им подлегнале на повредите во болница. Повеќе до 150 луѓе се згрижени во болниците во Еспинал.

извор: Радио Ondas de Ibague
видео: TWITTER Derli López