70-годишно лице од струмичко изгорело по палење на стрниште

0
311

Вчера околу 15:00 часот во атарот на струмичкото село Мокриево починал Ј.М. (70) од истоименото село откако бил пронајден со изгореници на телото.

Според СВР Струмица, било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето во местото „Ниш Поле”, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

извор: МВР
фото: Архива