Жан Дрвошанов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја информира јавноста дека СВР Струмица во текот на денешниот ден доставува казни за учесниците на вчерашниот протест на патот Струмица-Радовиш.
Почитувани,
СВР Струмица изготвила прекршочни платни налози со казна во висина од 35 евра за ,,паркирано возило” и 50 евра за ,,движење на пат” за учесниците на вчерашниот протест на патот Струмица-Радовиш.
Полицијата денеска ги разнесува налозите по домовите.
СВР Струмица претходно уредно добила најава за протестот и дозволи да се случи протестот обезбедувајќи го со голем број на униформирани лица.
Доколку протестот во одредена смисла е незаконски СВР требало да го отфрли барањето и да ги предупреди граѓаните, наместо да ги препознава по снимки и според забележување.
Дали ова казнување по учество на протест на организатор и учесници го има некаде на друго место во светот?
Напишале во пријавата: ,,лицето се движеше по место резервирано само за возила (??)”
Казна до 1000 евра за луѓе кои очигледно не се организатори но, СВР по 24 часа одлучила дека ќе ги третира токму нив како организатори.
Налог добиле дури и лица кои не биле на протест вчера.
Началството на СВР Струмица наместо да се бави со разоткривање на убиства и расчистување на дрогата во градот, мафијашките зделки и меѓународните криминалци тие фингираат прекршочни налози за граѓани кои отишле на протест.
Народот во Струмица не се плаши. Во струмичани живее духот на Делчев, струмичани ги паметат Петте струмички студенти, струмичани го памтат ќотекот на земјоделците во Куклиш од СДС.
И покрај сите малтетирања пак ќе излезат и ќе си бранат државата, ќе ја бранат нацијата, се вели во реакцијата на Дрвошанов.
извор:Жан Дрвошанов