Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, двојно го зголеми увозот на нафта од Русија

0
335

Според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Рефинитив, во вториот квартал од 2022 година, од април до јуни, во Кралството Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа пристигнале 647.000 тони нафта. Тоа одговара на количество малку поголемо од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно. Во истиот период минатата година, вкупното количество увезена нафта од Русија било 320.000 тони, објави DW.COM.

Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија, а потоа може да произведува и да извезува сопствена нафта. На Арапскиот полуостров особено големо количетсвото енергија е неопходно за ладење за време на жешките летни месеци – значи токму сега.

Поради санкциите, особено од ЕУ, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти. Со оглед на руската војна против Украина, некои држави одбиваат да купат нафта од Русија.

Од друга страна, големите економии како Кина и Индија, како и бројни земји од Афрка и од Блискиот исток, го зголемија увозот на овој енергенс од Русија.

Извозот на нафта – тема и за време на посетата на Бајден на Саудиска Арабија

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ќе пристигне во Саудиска Арабија, последната станица од неговото патување на Блискиот исток.

Се очекува дека тој ќе се обиде да го убеди ова кралство да го зголеми извозот на нафта и со тоа да иницира пад на цените на светскиот пазар. Не само во ЕУ, туку и во САД, високите цени на горивото се во моментов голем проблем.

Бајден е под огромен притисок во САД поради налогот за растот на цената на горивата – и тоа само 4 месеци пред важните избори за Конгресот.

Бајден ги отфрла обвинувањата дека со своето патување во Саудиска Арабија ја става ефтината нафта пред човековите права.

извор: DW.COM.

фото: Архива