Во поплавите во југозападна и северозападна Кина досега загинаа десетици луѓе, а загрозени се илјадници други, јавија денеска локалните медиуми.
Во југозападната провинција Сечуан, најмалку шест лица загинаа, а уште 12 се водат како исчезнати откако обилните дождови предизвикаа поројни поплави и принудија околу 1.300 луѓе да се евакуираат.
Во меѓувреме, во градот Лонгнан во северозападната провинција Гансу, се пријавени уште шест смртни случаи, а 3.000 луѓе биле евакуирани.
За два дена во најпогодените подрачја наврнале дури 98,9 милиметри дожд, што е речиси двојно повеќе од јулскиот просек.
Дождовите доаѓаат во услови на топлотен бран во делови од земјата, вклучително и во источната провинција Жеџијанг и градот Шангај, а температурите минатата недела достигнаа 42 степени.
MИА