ЦУК: Еве каде има пожари во Македонија

Шумскиот пожар кој се појави вчера во 13:00 часот помеѓу с.Владиевци и с.Трeбичино, општина Василево сеуште е активен. Гори нискостеблеста мешовита шума на непристапен терен каде и движењето е отежнато. Во текот на вчерашниот ден во негово гаснење интервенирале 4 шумарочувачи од ПШС Беласица Струмица и 1 пожарникар од ТППЕ Струмица со теренско возило Лада Нива. Околу 18:00 часот екипите биле повлечени од местото на пожарот. Од ТППЕ Струмица известуваат дека денес од раните утрински часови, екипа од ТППЕ Струмица заедно со вработени во ПШС Беласица ќе излезат на местото на пожарот. Градоначалникот на општината денес ќе свика Општински штаб за заштита и спасување.

Вчера во 22:24 часот појавен е пожар помеѓу селата Бузалково и Сливник. Во гаснењето на пожарот интервенира екипа од ШС Бабуна од Велес. Во 04:30 часот пожарот е ставен под контрола. Во тек е гаснење на поедини жаришта во опожарениот дел. По процена на ангажираните лица заради големата површина и зголемувањето на температурите има можност пожарот да се обнови. За настанатата состојба известени се ТППЕ Велес.

Утрово во 07:25 часот започнат е пожар на ѓубриште во атар на с.Капалак во близина на стариот пат Тетово-Скопје. Во гаснењето на пожарот во моментот интервенира една екипа од ТППЕ Тетово.

извор: ЦУК

фото: Архива