Скандалозна аудио снимка со Русковска, таа за Алсат вели: Не можам да ја потврдам автентичноста на снимката

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), Вилма Русковска, во изјава за ТВ Алсат вели дека не може да ја потврди автентичноста на аудио снимката што вчера протече на социјалните мрежи, а на која се претпоставува дека таа разговара со уште едно лице, чиј глас е обработен.

Во снимката се споменува името Владимир Атанасовски што се совпаѓа со поранешниот директор на УБК, првостепено осуден на казна затвор од 6 години за организација на настаните од 27 април, а кој, како што се слуша во разговорот, бил ,,заборавен” во притвор два месеца.

https://twitter.com/pravda_vo_mak/status/1553061326880210945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1553061326880210945%7Ctwgr%5E9bc4e6d526d4118e4e7be5e40075416412aa836b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fskopje1.mk%2Farchives%2F193293

„Нема шанса некој да биде ‘заборавен’ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла ‘заборавен’, тоа е фигуративно кажано“, вели Русковска за ТВ Алсат.

Аудио-снимката е објавена на Твитер и трае околу минута и половина.

„Не знам дали е автентична. Мислам дека е дел од снимките што Јордан Камчев ги достави за предметот ‘Рекет’. Најдобро е Камчев да го прашате за автентичноста. Не знам кој е објавувачот“, додава Вилма Русковска за ТВ Алсат.

извор:  TWITTER

извор: ТВ Алса