Ноќеска во 00.40 часот на бензиската станица во близина на с.Беровци, прилепско, од страна на полициски службеници од Полициска станица Старавина лишени од слобода се М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, Ф.М.(26) од Прилеп и Х.Т.(49) од с.Големо Коњари, прилепско.
Како што соопшти МВР, тие се затекнати како со патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д., превезуваат дабови дрва, за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело „кражба“, казниво по член 235 став 3 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: МВР