Актерот Тејлор Лотнер, попознат како Џејкоб од сагата „Самрак“, се жени.
Тејлор ја запроси својата свршеница и имењак Тејлор Доме во ноември минатата година, а сега откри дека таа планира да го земе неговото презиме, па ќе ги викаат – исто. И двајцата ќе бидат Тејлор Лотнер, а таа информација доста ги насмеа неговите обожаватели.
Во шоуто на Кели Кларксон, каде ја откри оваа информација, откри и како ги викаат нивните пријатели моментално кога се заедно. „Сите ја нарекуваат Тејлор, а јас сум Теј. Многу луѓе само велат „машки Теј“ или „женски Теј““, откри тој.
Ова не е прв пат за Тејлор да излегува со својот имењак, во 2009 година беше со Тејлор Свифт, која напиша и песна за него.
index.hr