Брачен пар од Британија пронашле златници во лонец под кујнски под

Во Британија брачна двојка пронајде златници од 17 век во лонец под кујнски под.

Внатре имало околу 260 древни златници кои потоа се продадени на аукција за 858, 23 754 илјади евра. Датираат од 1610 до 1727 година. Ова е несекојдневен настан.

Првично колекцијата припаѓала на Фернли-Мајстерс, семејство кое се занимавал со трговија. Ова семејство е познато по увоз и извоз на дрва, руда и јаглен, а некои од членовите биле во парламентот на почетокот од ’70-тите. Џозеф Фернли и Сара Мајстерс се венчале во 1694 година, а парите ги собирале  додека биле во брак и живееле заедно. Џозеф починал во 1725 година на 77 годишна возраст, а Сара починала на 81 година во 1745 година.

 

 

vecer.mk