Енормно зголемен бројот на пациенти во болницата „Козле“ – над 100 прегледи на деца за едно дежурство

0
287

Скоро исполнет капацитетот во детската болница Козле и тоа најчесто со деца до четири годишна возраст, пренесува ТВ21.

-Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство.Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот момнетално лежат 86 мајки и деца заедно. Едно е само Ковид кое денеска го пуштивме. Кашлање, пораст на температура, секреција од нос ова се симптомите со кои најчесто доаѓаат децата во болницата во Козле. Во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“ Кашлицата почнува обично кај 23 часот, па до раните утрински часови, вели педијатарот д-р Драган Дачевски за телевизијата.

Според докторот, сега кај децата доминира пенвмонија, а кај оние помалите по година, година и пол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта.

извор: ТВ21.