(ВИДЕО) Автобус со македонски таблички излетал од автопат во Србија

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци, од правец на градот, јавуваат утрово српските медиуми.

Засега не е позната состојбата на патниците и возачот на автобусот. Се наведува дека возач на друг автобус застанал со цел да помогне.

– Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, објави дека има снег на многу делници од најпрометните патни правци од првиот, како и од вториот и третиот приоритет за одржување, со дебелина до пет сантиметри, додека површината на патот е важна, поради што се препорачува внимателно возење, пренесуваат медиумите од соседството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

skopjeinfo.mk