Лишен од слобода кумановец поради предизвикување пожар

Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т.(81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата “Народна револуција” во Куманово запалил стрниште и сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.