Иран ги одбележа првите часови од назначувањето на Моџтаба Хамнеи за врховен лидер со лансирање ракети и беспилотни летала кон Израел и земјите од Персискиот Залив, кои почнаа да изразуваат растечки гнев поради одмаздничките напади на Иран.
„Иран го испукува првиот бран ракети под водство на ајатолахот Саџид Моџтаба Хамнеи кон окупираните територии“, објави иранската државна телевизија ИРИБ на Телеграм рано во понеделник, 9 март.
Објавата вклучуваше фотографија од ракета со натпис: „На ваша команда, Саџид Моџтаба“.
ИРИБ изјави дека „масивни експлозии се слушнале во центарот на окупираните територии“. Израел соопшти дека една жена е полесно повредена во нападите пред да биде прогласено примирјето.
Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Ирак објавија бран ракети и беспилотни летала во текот на ноќта, додека војната меѓу САД и Израел против Иран продолжува да се шири низ регионот.
slobodnaevropa.mk




