Прашањето за двојното државјанство повторно отвори политичка дебата, откако ВМРО‑ДПМНЕ предложи законски измени за негово ограничување кај пратениците, а СДСМ обвини дека дел од нив имаат „резервна држава“.Во дискусијата се вклучи и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која порача дека ограничувањето треба да важи и за претседателот и за министрите.
Претседателката денеска во Скопје изјави дека постои правна можност со закон да се воведе ограничување на двојното државјанство, кое би важело и за претседателот и за министрите.
„Постои можност со закон да се ограничи двојното државјанство и сметам дека тоа треба да се однесува и на претседателот и на министрите“, изјави Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања.
Таа потсети дека Уставот гарантира македонско државјанство, но Законот за државјанство предвидува и можност за двојно државјанство.
Во член 2 од Законот за државјанство се наведува: „Државјанин на Македонија може да има и државјанство на друга држава. Државјанин на Македонија кој има државјанство на друга држава, во земјата се смета исклучиво за државјанин на Македонија, ако со меѓународен договор поинаку не е определено“.
DW




