Тошковски: Заедно со македонските верници, присуствував на традиционалното фрлање на светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје

Заедно со македонските верници, присуствував на традиционалното фрлање на светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје. Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи, упатувам искрени честитки до сите верници, со желби за здравје, мир и духовна сила.
Водици е празник што нѐ потсетува на значењето на верата, заедништвото и моралните вредности, кои се темел на секое здраво општество. Како институција задолжена за безбедноста, МВР и денеска беше целосно ангажирано за настанот да помине мирно, достоинствено и безбедно за сите присутни.
Нека осветените води донесат хармонија, љубов и спокој во домовите на сите граѓани и нека нѐ поттикнат на меѓусебна почит и солидарност.
Бог се јави!
Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!