Украинските преговарачи ја напуштија Женева по разговорите за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека се поставуваат прашања дали може да се постигне договор до рокот на американскиот претседател Доналд Трамп – Денот на благодарноста на 27 ноември.
„Очекувам целосен извештај вечерва за напредокот на разговорите во Женева и главните акценти на нашите партнери“, напиша Зеленски на мрежата „Икс“ на 24 ноември.
„Врз основа на овие извештаи, ќе ги утврдиме следните чекори и тајмингот. Ќе продолжиме да се координираме со Европа и со другите партнери низ целиот свет.“
Зеленски не кажа повеќе детали.
slobodnaevropa.mk




