БЛОКАДИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија.
Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.
Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на П.Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.




