ЕВРОПА ПРЕД НОВ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН: Температури над 40°C

Уште од почетокот на следната седмица особено централна, југозападна, западна Европа  и Италија ќе бидат зафатени од нов екстремно топол бран од Африка  и тропски антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кој ќе условува суво, стабилно и екстремно топло време со многу сонце и со екстремно високи температури на воздухот.

Овој екстремно топол бран ќе предизвика токму во погоре споманите предели од Европа да има невообичаено високи температури за јуни и тие ќе бидат многу над просекот (за 10 до 15 степени повисоки од просечните за месец јуни, па дури локално тие ќе бидат  и за повеќе од 15 степени повисоки од просечните за месец јуни).

Во многу делови од Европскиот Континент во текот на следната седмица температурите ќе надминуваат 30/35 степени а локално тие ќе се искачат  и до 40 степени. Очекувам повремено во погоре споменатите делови од Европа локално температурите да надминуваат дури и 40 степени.

Во најголем дел од Европа и Балканот следната седмица ќе имаме сушно и стабилно време без врнежи.

Кај нас пак во Македонија температурите во текот на следната седмица ќе бидат исто така во пораст, но кај нас овој екстремно топол бран ќе биде по умерен, односно со послаб интензитет  и во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35/36 степени. Во Македонија исто така во текот на следната седмица повремено ќе има услови за поретка појава на локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk