Од Куманово соопштив една добра вест за целата држава. Вчера на седница на Влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата Казанџи груп која што е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од 1 милијарда.
Градењето на когенеративни гасни централи е единственото трајно решение за загадениот воздух. Сè друго би значело ставање на проблемот под тепих. Со ова покажуваме дека мислиме и работиме за иднината на нашата држава!
Покрај ова веќе донесовме инвестиција за ветерниот парк од 450 милиони евра што наскоро ќе се гради меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш.
Нема специјални закони, нема загарантиран откуп по загарантирана цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.


