Албанија: Голем шумски пожар кај Порто Палермо

Голем шумски пожар избувна синоќа во близина на Порто Палермо. Засега нема информации за повредени лица.

Веднаш по добиената пријава за пожарот кај Химара, на терен биле испратени екипи на противпожарната служба кои интервенираат за негово ставање под контрола.

Причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната. Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.

 

 

 

vesnik-ilinden.com