Во Манастирот „Св. Петка“ во село Велгошти вчеравечер беше одбележана 125-годишнината од формирањето на Првата охридска востаничка чета, значаен историски јубилеј посветен на храброста, пожртвуваноста и непокорот на охридските и македонските револуционери.
Во име на Општина Охрид, на одбележувањето присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, која положи свежо цвеќе во манастирската спомен соба. На пригодната свеченост присуствуваа пратеници, функционери, граѓански здруженија и граѓани.




