Граѓанската иницијатива за влез на Финска во НАТО е поднесена до парламентот на земјата, објави финското издание „Иле“.
На иницијатива се потпишале 50 илјади граѓани, и ќе биде разгледана во парламентот.
Иницијатива предвидува одржување на консултативен референдум за членството на Финска во НАТО.
Претходно руското Министерство за надворешни работи ги предупреди Шведска и Финска да не инцираат влегување во Алијансата, а на таков чекор Москва ќе одговори со речипрочни мерки.
Финска и Русија делат граница долга 1.340 километри, која на југ започнува на околу 170 километри од Санкт Петерсбург, и се протега кон север, сè до близина на рускиот пристаништен град Мурманск, кој е оддалечен од финската граница околу 180 километри.
Фото: