Започна проектот „Цветни балкони-Цветен Охрид“

Денеска започна проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што Општина Охрид традиционално  го реализира по повод  5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина.

Во рамките на  проектот  ќе се поделат 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

    • ул.„Прилепска“,
    • ул.„Винковачка“,
    • ул.„Будва“,
    • ул. „Радојца Новичиќ“,
    • ул.„Кленоец“

Заинтересираните граѓани од гореспопменатите улици ,  цвеќето може да го подигнуваат   денес и утре во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“   во период  од 9 до 13 часот. За таа цел   тие со себе треба  да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Акцијата завршува утре.