ЕУ и САД подготвуваат рамка од 800 милијарди долари за повоена Украина

Европската Унија и Соединетите Држави скицираа „рамка за просперитет“ за Украина, дизајнирана да му обезбеди на Киев финансиски гаранции, заедно со безбедносни гаранции, за стабилизирање на Украина по завршувањето на војната со Русија.

Документот од 18 страници, кој го виде Радио Слободна Европа вели дека иако 800 милијарди долари би можеле да бидат мобилизирани за Украина до 2040 година, непосредната цел е да се задоволи потребата на земјата од околу 500 милијарди долари за реконструкција во текот на следната деценија.

ЕУ, Соединетите Држави и меѓународните финансиски институции – вклучувајќи го Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка – би учествувале во почетната фаза, обезбедувајќи 317 милијарди долари за реконструкција, 57 милијарди долари за приватно домување и околу 126 милијарди долари за изградба на јавни и приватни згради.

Обештетувањето на жртвите би се решавало одделно преку механизам насочен кон замрзнатите средства на Русија на Запад.

Зборувајќи минатата недела, додека рамката се дискутираше на неформален состанок на членовите на Европскиот совет, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека таа „разгледува како можеме да го зголемиме просперитетот на Украина во моментот кога ќе постигнеме мирно прекинување на огнот“.

„Зборуваме за еден документ што ја претставува колективната визија на Украинците, Американците и Европа за повоената иднина на Украина“, рече таа.

 

 

 

slobodnaevropa.mk