На полноќ се роди првото женско бебе во 2026 г.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, точно на полноќ, се роди првото бебе во 2026 година.

Од Клиниката информираат дека станува збор за женско новороденче, кое е родено во 00:00 часот.

„00:00 – на ГАК се роди првото бебе во 2026 година“, соопштија од Клиниката преку социјалните мрежи.