Неодамна поставеното панорамско тркало на плажа во Макарска, поточно на еден паркинг во Пешкера, се расипа околу 22 часот и за среќа не се случи трагедија.
Според информациите од тамошните медиуми, најверојатно поради силен ветер, капакот на корпата се откачил од тркалото и паднал на неколку метри од минувачите.
Полицијата во Макарска веднаш пристигнала и спровела истрага на лице место, а деталите за несреќата ќе бидат познати деновиве.
Патем, панорамското тркало со 24 гондоли кое беше поставено минатата година на паркингот Осејава, каде што тогаш зафаќаше 15 паркинг места, тежи 100 тони и вреди дури еден милион евра.
Поставено е покрај станбени згради и хотели, и како што велат од градот, зафаќало 18 паркинг места.
Дозволата за користење на јавен простор е издадена до 30 септември оваа година.
4news.mk




