Одземено бесправно посечено огревно дрво

0
318

На ден 14.10.2022 година во периодот од 18–02 часот, подружницата ,,Осогово” – Кочани имаше заедничка акција со Шумска полиција и МВР во Шумско стопанската единица Осогово 2, оддел 3а, во место викано Припор, при што е констатирано бесправен пренос и складирање на свежо исечено дабово огревно дрво нежигосано со контролен чекан, во 2 (две) автомобилски приколки. Истите се однесени на плац во подружницата ,,Осогово” – Кочани . Од страна на надлежните органи поднесено е барање до Основен суд – Кочани за поведување на прекршочна постапка против сторителите.

-информираат од ЈП Национални шуми.