Момче на 23 години пронајдено мртво во фирма на булевар „Србија“ во Скопје

0
177

23-годишно момче е пронајдено мртво во Скопје.

Тоа е пронајдено мртво во фирма на булеварот „Србија“. Полицијата соопшти дека Итната медицинска помош вчера во 12:30 добила повик дека момчето е починато. Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а за настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото момче е дадено на обдукција.

 

vecer.mk