Воз излета од шините во Холандија. Едно лице загина, 30 се повредени

0
209

ПАТНИЧКИ воз со најмалку 50 патници излета од шините во Холандија рано утринава откако удри во градежна опрема на пругата, при што беа повредени околу 30 лица, соопштија холандските служби за итни случаи. Едно лице загина.

 

Некои патници се тешко повредени, а портпаролот на противпожарната служба за холандското радио изјави дека 19 лица се хоспитализирани, додека на други им била укажана помош на лице место. Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Вооршотен, село во близина на Хаг.

 

Едниот вагон завршил на нива, во другиот избувнал пожар

Предниот вагон на ноќниот воз од Лајден до Хаг излета од шините и заврши во поле, јави новинската агенција АНП, пренесува Ројтерс. Вториот вагон останал на место, додека во задниот вагон избувнал пожар кој подоцна бил изгаснат.

Според претходните извештаи, патнички воз се судрил со товарен воз. Портпаролот на холандските железници (НС) Ерик Кроз потврди дека во несреќата учествувал товарен воз, но не даде детали.

 

Холандските железници објавија дека железничките линии меѓу Лајден и делови од Хаг се привремено прекинати поради несреќата.

 

 

index.hr