Избирачките места низ Туркије се затворија денеска во 17:00 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори, јавува Анадолу.
Гласачите кои ќе се најдат на избирачкото место во моментот на затворање ќе можат да ги остварат своите граѓански права и по 17:00 часот, како што претходно најави Врховна изборна комисија на Туркије.
Граѓаните на Туркије денеска гласаа на претседателските и парламентарните избори и бираа меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а за прв пат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.
Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Туркије.
Избирачките места беа претходно отворени надвор од Туркије, во 75 држави и 156 турски претставништва.
Гласањето на граничните премини започна на 27 април, а во дипломатските претставништва на 5 мај и траеше до 9 мај, според претходно утврдениот распоред..
Над 3,41 милиони граѓани се регистрирани за гласање од странство.
Како што соопшти Врховната изборна комисија на Туркије, нецелосни и неофицијални резултати ќе бидат објавени истиот ден, во првите часови по затворањето на гласачките места.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.