Бајден со нова гаф го заврши говорот, „Боже чувај ја кралицата“

Бајден одржа говор на националниот самит за Побезбедни заедници во Конектикат, повикувајќи на построги закони за контрола на оружјето, но на крајот од својот говор тој ги збуни присутните велејќи „Боже чувај ја кралицата“.

На интернет се шират видеа од пораката на американскиот претседател на крајот од неговото обраќање во Конектикат, а јавноста прашува што мислел американскиот претседател кога го кажал тоа, пренесува Би-би-си.

Првата заменик-секретарка за печат на Белата куќа, Оливија Далтон, во разговор со новинарите подоцна рече дека американскиот претседателот го упатил тој коментар „на некого од публиката“, објави Вашингтон Пост.

 

vesnik.com