„Нескротената“ Етна, повторно во акција

Авиосообраќајот на аеродромот во Катанија на Сицилија беше привремено прекинат до вечерта во понеделникот поради облакот од пепел од вулканот Етна. На снимките направени во близина на вулканот може да се види како облакот од пепел од ерупцијата на Етна се движи низ Средоземното Море. Етна не е само еден од најголемите вулкани во Европа, туку и еден од најактивните. Често има помали ерупции.

 

DW