МВР објави потерница по Исмет Гури

Потерницата за Исмет Гури екс заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ е објавена на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Гури, на петти јануари од страна на полициски службеници не бил пронајден во својот дом каде бил сместен во куќен притвор.

Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.

Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.