Вооружен грабеж на банка во Општина Аеродром

0
146

Во текот на денот се случил грабеж на банка во скопската населба Аеродром. Според полицијата, ограбена е филијала во ТЦ „Скопјанка“.

„Денеска во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.