Инцидент во Врапчиште – нападнати судски службеници

Вчера во 15.40 часот во с. Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ПО Галате ги лишиле од слобода Ѓ.М.(61), Е.М.(30), М.М.(35), Џ.М.(56) и Н.М.(61) сите од с.Врапчиште, кои во 15.00 часот во ОВР Гостивар, биле пријавени од Б.И.(41) судија во Основен суд Гостивар, дека истите во Врапчиште спречувале судски службеници во извршување на службени дејствија и задачи, при што и физички ги нападнале.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.