Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес.

Уште пожестока беше реакцијата кога со инженериг беа „избројани“ 7957 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението. Таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските европејци. Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните, по седми пат избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија. При тоа, во Албанија за гласање на изборите од 27. 10. 2024 година се пријавиле сe на сe дури 174 лица.

Листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Бугарија изгледа вака https://www.cik.bg/bg/ns27.10.2024/abroad/registered

Елбасан (69)

Корча (48)

Кукс (52)

Тирана (Амбасада) (5).

Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица; со што вкупно гласале 329 лица.

Ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени. Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада.

Прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?

 

 

 

vesnik-ilinden.com