Извршен увид на работите кои се изведуваат на регионалниот пат Стење- Коњско

Преспанскиот крај е едно од најубавите места во Македонија – живописен, недопрен, со природа која изгледа нереално. Токму затоа е важно да имаме добри патишта за да го откриеме и уживаме во неговата убавина, и токму затоа отпочнавме со санација на регионалниот пат Стење – Коњско.
Денеска заедно со градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски,пратениците Ѓоргија Сајкоски и Кире Божиновски,заменик директорот на Македонија пат Александар Шуковски и стручните тимови извршивме увид во напредокот на работите кои ги ги изведува ЈП Македонијапат.
Инаку, во рамки на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2025 година, предвидени се 30 милиони денари за санација на регионалниот пат Р1307, делот од Стење до Коњско.
Од нашиот увид констатиравме дека до сега е реализирана:
Санација на трупот на патот во должина од 3.800 метри, со израмнување и вградување на 1.300 м³ тампонски слој (ширина 4,5 – 5 м).
Асфалтирање на 3.800 метри, со вкупно 1.980 тони асфалт, просечна ширина 3,6 м, а во кривините проширено до 4,5 м.
Оваа инвестиција значи многу подобар пристап до Преспа, развој на туризмот и економски раст на локалните заедници.
Преспа заслужува да биде достапна и безбедна за сите нас!