Протести откако имиграциски агенти убија уште еден американски државјанин во Минеаполис

Американски имиграциски агенти застрелаа американски државјанин во Минеаполис во саботата (25 јануари), соопштија официјални лица, што предизвика жестоки протести и осуда од локалните лидери по вториот ваков инцидент овој месец.

Министерството за внатрешна безбедност го окарактеризира инцидентот како напад, велејќи дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако му се приближил маж со пиштол и жестоко се спротивставил на обидите да го разоружа.

Инцидентот се случи по помалку од три недели откако службеник на Службата за имиграција и царина ја застрелал и ја убил Рене Гуд, исто така 37-годишна, во нејзиниот автомобил.

Видео снимките од местото на настанот, според Ројтерс, го прикажуваат човекот, идентификуван како 37-годишниот Алекс Прети, како држи телефон, а не пиштол, додека се обидувал да им помогне на други демонстранти кои биле соборени на земја од агентите.

На почетокот на снимката, може да се види како Прети снима федерален агент како прво турка една жена, а потоа и друга која паѓа. Прети стои помеѓу агентот и жените, а потоа ја крева левата рака за да се заштити додека агентот го прска со бибер спреј.

Потоа неколку агенти го зграпчуваат Прети – кој се бори со нив – и го принудуваат да легне на колена. Додека агентите го држат Прети, некој извикува нешто што звучи како предупредување за присуство на пиштол. Видеото потоа покажува како еден од агентите му го зема пиштолот на Прети и се оддалечува од групата што го носи.

Неколку моменти подоцна, полицаец со пиштол вперен во грбот на Прети испука четири куршуми, покажува видеото. Потоа се слушаат уште неколку истрели додека друг агент се чини дека пука во Прети.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk