Младиот Македон постигна извонреден успех на натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“

Голема гордост за Македонија! Младиот Македон постигна извонреден успех на натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“, каде што најпрво освои златен медал во екипна конкуренција.
Покрај тимскиот успех, тој го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници на натпреварот. Како круна на неговото извонредно достигнување, Македон беше награден со престижната George Lenchner Medal, признание кое се доделува за најдобар резултат на натпреварот.
Во конкуренција од дури 56.913 ученици од американски училишта и други земји ширум светот, Македон се издвои како најуспешен натпреварувач, потврдувајќи го својот исклучителен талент и знаење во математиката.
Овој успех е резултат на огромна посветеност, напорна работа и љубов кон науката, а воедно претставува и голема чест за Македонија. Честитки за Македон и желби за уште поголеми успеси во иднина!