Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.04.2022) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а ст.4 од Кривичен законик. Од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази. Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело.
Related Posts
Димитриевски: Заедно со граѓаните ќе победиме на следните парламентарни избори, Македонија има потреба од промена
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во утринското гостување во емисијата „Да си кажеме“ на телевизија Телма потенцираше дека Македонија…
Повреден турист од Полска на Матка, врз него паднале камења
Денеска е повреден 45-годишен турист од Полска. Бил удрен од еден камен од одронот кај Матка, по што веднаш, со…
(ВИДЕО) ЦУК бара дозвола за отстрел на премногу агресивни мечки
Отстрел на мечката која го нападна 76 годишниот маж во с.Пласница , бара директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Оттаму е…