СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје за сторено кривично дело „даночно затајување” по чл.279 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на 2020 година во повеќе наврати, од повеќе лица од странство, реализирал приливи на девизни парични средства во вкупен износ од 1.547.765 денари кои, со намера да го одбегне плаќањето на данокот на личен доход, не ги пријавил како друг доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, за нив не пресметал и не платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот доход. Со ова А.Б. го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија и се стекнал со противправна имотна корист во износ од вкупно 154.776 денари.
Related Posts
(фото) Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер
На (27.09.2023) околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата…
Стоилковски: Анастасов од СДС излажа, Пробиштип се труе со тешки метали, а тој реди соларни панели
Пробиштип има споменик на лагите од СДС, со кои ќе настапат и оваа година. Ова е зад мене познатото старо…
Вучиќ побара помош од Пахор за Западен Балкан околу струјата
Се обидуваме да избегнеме „совршена бура“ и затоа разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за други прашања,…