Џамијата „Куршунлу“ во Скадар, Албанија која датира од османлискиот период, ќе биде отворена за богослужба по нејзината реставрација од страна на Генералниот директорат на фондации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжуваат работите на џамијата „Куршунли“, која ќе биде обновена со поддршка на Генералниот директорат на фондации на Турција, во рамки на протоколот потпишан од страна на турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и министерката за култура на Албанија Елва Маргарити, за време на официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Турција во јануари 2021 година.
На џамијата, чии што османлиски гробници со недели се потопени поради поплавите предизвикани од каналите за наводнување кои се отвораат кон реките во регионот, ќе има реставраторските работи од големи размери.
На џамијата Куршунлу која е запуштена поради последиците од поплавите, ќе биде реставрирана со цел да се зачувува нејзиниот архитектонски интегритет.
Џамијата „Куршунлу“ е позиционирана поинаку од другите џамии по тоа што сѐ уште е најголемата џамија во Албанија и е единствениот пример на џамија со покриен двор.
Една од градбите која се истакнува во џамијата, која е целосно изградена од камен, е гробницата со правоаголна форма, за која се претпоставува дека е додадена подоцна.
Џамијата „Куршунлу“ претрпе одредени структурни и архитектонски промени од нејзината изградба и не се користеше за богослужба во различни периоди.
Минарето на џамијата беше уништено во 1967 година, кога религијата беше официјално забранета во Албанија. По крајот на комунистичката ера, џамијата повторно ги отвори вратите во ноември 1990 година.
извор: Агенција Анадолија (АА).